Официјално: Миовски е нов играч на шкотскиот Абердин

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска британските медиуми информираа дека Абердин сака да ги обезбеди услугите на македонскиот репрезентативец, а сега стигна и потврда за трансфер.

Бојан Миовски (22) од следната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на Абердин, клуб кој настапува во најсилната шкотска лига.

Шкотите објавија дека нашиот напаѓач потпиша договор на четири години.

– Можеме да потврдиме дека ги договоривме личните услови со Бојан Миовски кој ќе му се придружи на клубот со четиригодишен договор од МТК Будимпешта. Добредојде Бојан во Абердин – стои во објавата на клубот.

Миовски ја заврши сезоната во дресот на унгарскиот МТК со учинок од 31 настап и 10 погодоци. Претходно во кариерата беше дел од екипите на Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.

Менаџерот на Абердин, Џим Гудвин е задоволен што ќе има нов играч во неговата екипа.

– Веќе неколку месеци внимателно го следиме Бојан, се боревме за да го обезбедиме играчот. Тој е напаѓач со сите клучни атрибути потребни за успех во шкотската Премиер лига. Тој има темпо, моќ и фантастично движење што му овозможува да добива бројни можности за гол на конзистентна основа – вели Гудвин за клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот