Официјално: Лука Циндриќ ќе игра за Динамо Букурешт

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Големо и искусно засилување ангажираше романскиот ракометен клуб Динамо Букурешт, поранешниот играч на Металург и Вардар, Лука Циндриќ (30).

Хрватот сега ги бранеше боите на Барселона чиј дрес го носеше четири сезони. Со каталонскиот гигант успеа двапати да ја освои Лигата на шампионите (2021 и 2022 година), а еднаш со Вардар во 2017 година.

Претходно средниот бек настапуваше и за полскиот Кјелце и во својата земја за ХРК Карловац.

Со најдобрата хрватска репрезентација се закити со два медали од европските првенства, сребро во 2020 и бронза во 2016 година.

Во новата сезона Динамо Букурешт ќе настапува и во ЕХФ Европската лига, се наоѓа во групата „Г“ заедно со Фуксе Берлин, Шамбери и Извиѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот