Официјално: Луис Хамилтон од 2025 година ќе вози за „Ферари“

фото: EPA-EFE/Jennifer Lorenzini

Седумкратниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон официјално ќе го напушти „Мерцедес“ на крајот од сезоната 2024.

„Мерцедес АМГ Петронас“ ги извести своите фанови и јавноста дека Британецот ќе го напушти „Мерцедес“ по завршувањето на претстојната сезона.

Ова е потврда на денешната информација која веќе го пресели Хамилтон кај возачите во „Ферари“ од стартот на 2025 година.

– Мерцедес АМГ Петронас и Луис Хамилтон ќе се разделат од крајот на 2024 година. Луис ја активираше клаузулата од договорот потпишан минатата година – напишаа од тимот на Мерцедес.

Веднаш дојде соопштение и од „Скудерија Ферари“ дека Хамилтон ќе му се приклучи на тимот во 2025 година, со повеќегодишен договор.

Акциите на „Ферари“ забрзано скокнаа по најавата за трансферот на Хамилтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот