Официјално: Ловрен повторно во дресот на Лион

фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен (33) ќе настапува за Лион, објави францускиот клуб. Ловрен потпиша договор на две и пол години, односно истиот ќе трае до 30 јуни 2025 година.

Според француските медиуми неговиот поранешен клуб Зенит ќе добие надомест од два милиони евра.

– Многу сум среќен што се враќам во Лион. Клубот ми ја отвори вратата на меѓународниот фудбал, тоа никогаш нема да го заборавам. Имам многу спомени овде, многу врски, особено со претседателот Жан Мишел Олас кој секогаш ме поддржуваше. Го напуштив Лион во 2013 година со жалење бидејќи имав чувство дека не покажав сè. Сакам да им докажам на сите каков играч сум. Мојата ќерка е родена во Лион. Секогаш велам дека Лион е во моето срце. Никогаш не замислував дека можам да се вратам овде. Сепак, ни секунда не се двоумев – вели Ловрен.

Ловрен играше за Лион од 2010 до 2013 година, со 102 настапи за „Лавовите“ пред да биде продаден на Саутемптон.

Лион моментално е на осмото место во француската „Лига 1“ со 24 бода, 20 помалку од лидерот ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот