Официјално: Кокошков повеќе не е селектор на Србија

Неиспехот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио му пресуди/ twitter/Košarkaški savez SRB

Кошаркарската федерација на Србија (КСС) и Игор Кокошков спогодбено ја прекинаа соработката.
„КСС му посакува многу среќа и успеси во тренерската кариера на Игор и исто така му се заблагодарува за работата и вложениот труд. КСС во наредниот период ќе работи на изборот на нов селектор“, стои во соопштението на КСС.


Како главен фаворит се споменува Светслав Пешиќ кој е голема желба на претседателот на Федерацијата, Предраг Даниловиќ.
Пешиќ беше селектор на репрезентацијата на СР Југославија и триумфира на Европското првенство во 2001 година како и на Светското првенство во Индијанаполис во 2002 година.

Игор Кокошков седна на селекторското столче во 2019 година веднаш откако Алексанадр Ѓорѓевиќ си поднесе оставка по СП во Кина.
Тој ја предводеше репрезентацијата во квалификациите за ЕП, но доживеа голем неуспех во квалификациите за пласман на Олимписките игри кои се одржаа во Токио, по што разделбата беше неизбежна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот