Официјално: Јулијан Дракслер ќе игра во Катар

Фото: Al Ahli

Како и што се најавуваше од пред неколку недели, некогашниот голем германски талент, Јулијан Дракслер кариерата ја продолжува во редовите на Ал Ахли.

Дракслер е вториот фудбалер на ПСЖ, по Марко Верати кој се пресели во Катар. Германецот некогаш важеше за голем талент, но никогаш не успеа да го исполни својот потенцијал, проблем му правеа и честите повреди.

Со редовите на Ал Ахли потпиша договор за соработка до 2025 година. Во редовите на катарскиот клуб пристигнува како слободен фудбалер откако го раскина договорот со ПСЖ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот