Официјално: Џеси Марш повеќе не е менаџер на Лидс

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Американецот Џеси Марш повеќе не е менаџер на Лидс. По вчерашниот пораз од Нотингем форест (0:1), тимот се најде во зоната за испаѓање од Премиер лигата.

По успешната работа во Ред Бул Салцбург и помалку успешната работа во Лајпциг во февруари 2022 година, Марш го наследи славниот Марсел Биелса на кормилото на Лидс и успеа да остане во Премиер лигата.

Последната победа во Премиер лигата тимот ја постигна на 5 ноември против Бурнмаут (4:3), а оттогаш е во серија од седум меча без победа. Само три бода со четири порази.

– Сакаме да го пофалиме Џеси и неговите соработници за нивната работа и да им посакаме сè најдобро во иднина. Процесот на наоѓање нов менаџер е во тек – соопштија од Лидс.

Лидс в среда се соочува со Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, а потоа во недела на „Еланд Роуд“ ги пречекува истите ривали. По 21 одигран натпревар во Премиер лигата, Лидс е на 17 место на табелата со 18 бодови, исто колку и Евертон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот