Официјално: Дејан Илиев е нов голман на ФК Сараево

Дејан Илиев/фото: FK Sarajevo

По разделбата со финскиот фудбалски клуб ХЈК, македонскиот репрезентативен голман Дејан Илиев одлучи својата кариера да ја продолжи во Босна и Херцеговина.

Официјално, Илиев е нов голман на фудбалскиот клуб Сараево чии бои ќе ги брани до крајот на тековната сезона, со можност договорот да биде продолжен на уште две години.

– Кошево е мој нов дом. Голема чест и одговорност е да се биде дел бордо семејството. Сараево, нема да те изневерам и ќе го оставам срцето на теренот – објави Илиев на социјалните мрежи.

Од 2012 до 2022 година беше дел од англискиот гигант Арсенал, но не запиша ниту еден официјален настап за првиот тим, па играше на позајмица во Серед, Јагелонија, Шрусбери и Серед, а по разделбата со лондонскиот клуб се пресели во Тренчин.

Нашиот 28-годишен чувар на мрежата минатата сезона со ХЈК ја освои титулата шампион на Финска.

Моментно по 17 одиграни кола во босанскиот шампионат Сараево е на третото место со 33 бодови, девет помалку од водечкиот Борац, а второпласиран е Зрињски (35).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот