„Одмаздници: Завршница“ за 12 дена заработи две милијарди долари

фејсбук

Последниот филм од серијалот „Одмаздници“ за само 12 дена од прикажувањето заработи над две милијарди долари во светски рамки. Ова е втората најбрза таква заработка по „Аватар“.

„Одмаздници: Завршница“ е петтиот филм во историјата што ја надмина границата од две милијарди долари заработка, поточно 2,188 милијарди. Познавачите прогнозираат и дека може да го симне „Аватар“ и неговите рекордни 2,78 милијарди од престолот, што сега се чини прилично достижно.

Само во САД, филмот заработил 619 милиони, а во остатокот од светот – 1,57 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот