Одлука на градската управа на Сараево за пренамена на средства: Со парите за дочек на Нова година ќе се набават вакцини против ковид-19

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Градската управа на Сараево донесе одлука за пренамена на 15.000 евра, средства што беа планирани за церемонии, огномет и прослава на Нова година, за набавка на вакцини против ковид-19.

Покрај огнометот, во Сараево за новогодишната ноќ бил планиран и онлајн концерт, што, сепак, е одложен поради пандемијата, јавува порталот Кликс.ба.

– Најважни се нашите граѓани и нивното здравје и безбедност. Сите мора да се однесуваме одговорно и да се придржуваме кон епидемиолошките мерки додека не пристигне вакцината, порачуваат од Градската управа на главниот град на БиХ.

Од таму апелираат на трпение, на одговорност и на грижа за себе и за блиските и на граѓаните им посакаа да ја минат новогодишната ноќ во кругот на семејство.

Единствената традиција што ќе остане оваа година е посетата на градоначалникот на сите градски служби кои работат на новогодишната ноќ со, секако, почитување на епидемиолошките мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот