Одложено судењето за Онкологија, одбраната на обвинетите го спори вештачењето од Словенија
Одбраната на обвинетите во случајот Онкологија за несовесно лекување на пациентите ги спори вештачењата од странство од Словенија и Србија, особено вештачењето од Словенија.
Препорачано
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и лекарите онколози, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовсли седнаа на обвинителна клупа, додека обвинетата Мери Пешевска поради влошена здравствена состојба не дојде на рочиштето.

Одбраната на обвинетите бара издвојување на доказите, односно на вештачењето од Словенија бидејќи вештото лице не било лиценцирано.
За Васев имало оценка на Обвинителниот акт, додека пак за остантите имало Обвинителен предлог кој не бил оценуван.
Обвинителката Ана Гоговска пак кажа дека приговорите се неприфатливи бидејќи имало веќе оценка на Обвинителниот акт и дека таа не може да навлегува во правните прописи на странски држави.

За неа е симптоматично тоа што не се спори вештачењето, туку процедурата.
Сите обвинети ги побараа историите на пациентите кои ги лечеле, а судењето е одложено.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
17мин
-
18мин
-
33мин
-
35мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


