Одличната организација е клучот за успешност на секое поле

Сакате да бидете успешни и корисни во текот на денот? Сакате да бидете корисни и на работа и во домот? Обидете се да примените неколку едноставни совети за подобра организација во текот на денот.

Првите пет се подготвителни чекори, другите пет конкретна работа. Сите се подеднакво важни.

1. Планирајте однапред

Бележете ги во планер сите работни обврски во текот на денот, запишете време. Испланирајте ги и приватните обврски.

2. Проверете ја временската прогноза

Неверојатно е колку временските услови можат да ви заштедат време. Облеката за на работа, можете да ја припремите ден однапред. Дождот или снегот нема да ве спречи да стигнете некаде на време, ако се информирате.

3. Испланирајте ја облеката за работа навечер

Можеби ова ве потсети на вашите школски денови, но верувајте, оваа пракса штеди време. Посебно е наменета за женскиот пол.

4. Креирајте листа

Составете листа на работи кои морате и кои сакате да ги направите.

5. Носете ручек од дома, подгответе го навечер

Ова навистина штеди пари и време. Вода, овошје, сендвич или конкретен оброк подгответе го навечер.

6. Раководете се според листата

Ако ја следите листата која ја направивте, ќе се изненадите колку ќе бидете продуктивни.

7. Редовно ажурирајте ја листата

Колку сте повеќе организирани ќе бидете се поуспешни и попродуктивни. Завршените работи немојте да ги бришете од списокот, само означете ги. Тоа ќе ви биде увид колку сте биле продуктивни и колку работа сте завршиле.

8. Имајте време за себе и квалитетно време за семејството

Секогаш имајте време за себе. Прошетка, серија, читање книги и слично. Имајте време за партнерот, за децата особено, заедно извршувајте задачи, заедно средувајте го домот, заедно шетајте. Бидете заедно!

9. Читајте мудри и позитивни изреки

Понекогаш една позитивна мисла, може да биде двигател во целиот ден. Секогаш имајте мисла на денот.

10. Направете планови за утре

Кога ќе заврши денот, размислете за утрешните планови или за месечните и годишните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот