Одлична проверка пред ЕВРО 2020, Словенија денеска ги тестира македонските фудбалери!

фото. ФФМ

Денеска А репрезентацијата на Македонија со почеток од 18.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје ќе го одигра првиот од двата пријателски натпревари како подготовка пред настапот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе тестираат против Словенија која ни е доста добро позната со кого игравме во квалификациите за ЕП.

Нашата селекција се надева и очекува да дојдат навивачи во што поголем број, да навиваат за фудбалерите бидејќи тие тоа го имаат заслужено.

Во досегашните шест меѓусебни средби Македонија има четири победи, едно реми и еден пораз.

На сите домашни средби триумфирале „црвено-жолтите“, токму во пријателски дуели, со 2:0 и 3:2, како и во претходните евроквалификации на 10 октомври 2019 година со 2:1.

Поради пандемијата на коронавирусот досега не им беше дозволено на навивачите да присуствуваат на трибините. Но, еве по повеќе од една година националната селекција повторно ќе игра натпревар со присуство на публика.

Ристовски: Натпреварот со Словенија е одлична можност за проверка на формата пред ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот