Ристовски: Натпреварот со Словенија е одлична можност за проверка на формата пред ЕП

фото: ФФМ

Стандардниот македонски репрезентативец; Стефан Ристовски вели дека натпреварот против Словенија е добредојден за да се види до каде и формата на репрезентативците пред настапот на ЕП.
– Ова е еден натпревар во кој ќе видиме каде е нашата форма. Словенија е добра селекција, има одличен селектор и добро ќе ни дојде овој меч како подготовка за ЕП – вели Ристовски.

Според заменик капитенот, фокусот на репрезентативците е на првиот натпревар на ЕП против Австрија кој ќе се игра на 13 јуни. Противникот е добро познат бидејќи Австрија ни беше противник во квалификациите за ЕП.

– Таков е фудбалот, затоа е интересен спорт, има изненадувања. Кога Австрија нѐ победи во Скопје, тоа беше голема лекција за нас. Ние од тогаш дојдовме до пласман на ЕП, ја победивме Германија, сега имаме поголема самодоверба. Но, до Австрија има уште доста време – смета Ристовски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот