Салата „Цезар“/Фото: Профимедиа

Одлична и за слабеење: Рецепт за летна верзија на популарната салата „Цезар“

Во текот на топлите месеци сите се трудат да се хранат што е можно поздраво, а летната верзија на салатата „Цезар“ ќе ве воодушеви.

Салатата „Цезар“ со години е едно од најпопуларните јадења. Освен што лесно се вари, таа е и здрава, а доколку ја направите без мајонез и павлака ќе биде уште поздрава, може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми.

Наместо класичниот прелив од павлака и мајонез, направете поедноставен и поздрав со само две состојки.

Еве што ви е потребно и како да ја направите оваа салата.

Состојки:

– 1 мал праз
– ајсберг салата
– домат
– варена пченка
– бело пилешко месо
– сув зачин
– сол
– сок од лимон
–  маслиново масло

Подготовка:

Пилешкото бело месо исечкајте го на ситни коцки и пропржете го на малку масло. Додајте зачини по желба.

Исечкајте го зеленчукот, па сè измешајте и прелијте со маслиново масло и сок од лимон.

Тие ќе дадат одлична арома, а се поздрави и подобри за организмот од мајонезот и павлаката.

Оброкот подготвен на овој начин можете да го понесете и на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот