Одличен есенски стил – ДАМИ копирајте ја: Џулијан Мур (58) е жена свесна за своите години! (ФОТО)

профимедиа

Актерката Џулијан Мур (58) беше една од попознатите гостинки на Диор ревијата во рамките на Модната недела во Париз, и во таа прилика го привлече целото внимание на себе со одличната облека на себе.

Позната како убава и згодна, отмената дама свесна за своите години и градба, Џулијан ни овој пат не разочара – облече прекрасен лелеав фустан долг речиси до подот, со суптилен шлиц на градите.

Фустанот ја има вистинската боја на есента – бојата на коњакот, а на неа додаде и класична црна кожна торба со златен знак Диор, а едноставноста на комбинацијата ја направи поефектна со масивните прстени кои ги носеше на двете раце.

профимедиа

Комбинацијата ја заокружи со отворени црни чевли со каишки околу зглобот и црн лак на ноктите.

профимедиа

Одлична си Џулијан!!!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот