Одигра само 10 натпревари и освои пет трофеи за една сезона

фото: EPA-EFE/Miguel A. Lopes

И тоа се случува, еден фудбалер имаше само 10 настапи во една натпреварувачка сезона и собра пет трофеи.

Алваро Одриозола оваа сезона играше за Реал Мадрид, потоа во зимскиот период беше позајмен на Баерн и севкупно запиша 10 натпревари.

24-годишниот десен бек со „кралевите“ дојде до титулите во „Ла Лига“ и Суперкупот на Шпанија.

А како играч на Баерн Минхен успеа да ги освои Бундеслигата, националниот Куп на Германија и вчера Лигата на шампионите со победата над ПСЖ.

Во просек на секои 122 минути игра освојуваше по еден трофеј. Можеби не придонесе многу на терените, но барем дојде до пет значајни титули во кариерата.

Кимих: Непобедливи сме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот