Одеса прогласена за светско наследство на УНЕСКО

Одеса, Украина/ Фото: Nina Liashonok/Ukrinform / Sipa Press / Profimedia

Историскиот центар на украинскиот пристанишен град Одеса е прогласена за загрозено светско наследство од страна на агенцијата за култура на Обединетите нации, и покрај руското противење, пренесува „Би-Би-Си“. УНЕСКО соопшти дека нејзината одлука ја препознава „извонредната универзална вредност“ на локацијата.

Но, Русија го критикуваше потегот, велејќи дека е „политички мотивиран“.

Позната како „бисерот на Црното Море“, Одеса беше бомбардирана неколку пати откако Русија ја нападна Украина. Минатата година жителите побрзаа да бидат заштитени спомениците и зградите во градот покривајќи ги во вреќи со песок.

Одеса EPA-EFE/SEDAT SUNA

Генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азулеј рече дека прогласувањето на градот како место за светско наследство е важен чекор.

„Прво имаше еден симболичен аспект кој е да се каже дека овој град припаѓа на светското наследство, тоа нè засега сите нас, сите ја гледаме и ја препознаваме нејзината историја и нејзиниот придонес во наследството“, кажа таа. „Тоа е веќе важен симболичен аспект“.

Азулеј рече дека одлуката, исто така, значи дека сите членки на конвенцијата, вклучително и Русија, ќе имаат обврска „да не вршат намерно уништување“ на местото на светското наследство.

Делови од Одеса, исто така, беа додадени на списокот на светско наследство во опасност, за кој УНЕСКО рече дека му дава пристап на градот до техничка и финансиска помош, „која Украина може да ја побара за да обезбеди заштита на имотот и, доколку е потребно, да помогне во неговата рехабилитација“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката, велејќи дека е „благодарен на партнерите кои помагаат да се заштити нашиот бисер од нападите на руските напаѓачи“.

Русија, која постојано се обидуваше да го одложи гласањето, за возврат ја обвини Украина за „уништување“ на сопствените споменици.

Украински пратеник: Путин ја гледа Одеса како свет град, затоа сака да ја освои

Министерството за надворешни работи во Москва, исто така, ја обвини Украина дека доставила лошо досие за апликација и тврди дека гласањето било спроведено „под притисок на Западот“, а притоа „не ги почитувало деловните правила“.

„Тоа беше подготвено набрзина, без да се почитуваат сегашните високи стандарди на УНЕСКО“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Седум други локации во Украина се додадени на списокот на светско наследство на УНЕСКО, вклучувајќи ја катедралата Света Софија во главниот град Киев и историскиот центар на западниот град Лавов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот