Oдбојкарки/ОФМ

Одбојкарките ќе играат контролен натпревар против Косово

Македонската женска сениорска одбојкарска репрезентација ги интензивира подготовките за настапот во Европската лига 2026, а како дел од подготовките ќе одигра два контролни натпревари против Косово.

Селекторот Милош Гавриловиќ ја закажа првата прозивка за 13 мај во салата „Форца“ во Скопје, каде што ќе се реализира целиот подготвителен процес. Пријателските дуели против Косово се закажани за 29 и 30 мај, првиот ќе се игра во Скопје, додека реваншот ќе биде на гостински терен, со тоа што домаќинот дополнително ќе ја одреди локацијата.

По контролните натпревари, следува настапот во Европската лига, кој стартува во Порто. Македонските одбојкарки на 6 јуни ќе се соочат со Унгарија, а веќе следниот ден ги очекува дуел против Португалија.

Турнирската серија продолжува во Аликанте, каде на 12 јуни ќе играат против Шпанија, додека на 13 јуни ќе се сретнат со селекцијата на Азербејџан.

Настапот во Европската лига Македонија ќе го заокружи пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 19 јуни противник ќе биде Хрватска, а два дена подоцна, на 21 јуни, следува и последниот натпревар против Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот