Фото: ОФМ

Одбојкарките ги дознаа противниците на Медитеранските игри

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански игри, кои ќе се одржат од 21 август до 3 септември во Таранто, Италија.

Попладнево се одржа официјалната ждрепка за тимските спортови, а на женскиот одбојкарски турнир ќе настапат десет репрезентации. Македонија е дел од групата Б заедно со Турција, Грција, Алжир и Косово, додека во групата А ќе се натпреваруваат Италија, Србија, Египет, Босна и Херцеговина и Сирија.

Натпреварите од групната фаза се играат од 23 до 29 август, додека елиминациите и финалето се во периодот од 30 август до 1 септември. Деталниот распоред организаторот дополнително ќе го објави.

За женската репрезентација на Македонија ова ќе биде втор настап во низа на Медитеранските игри откако претходно настапија на Игрите во Оран, Алжир во 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот