Фото: vfmkd.org.mk

Одбојкарите на Штип УГД против Милано во 1/16 финалето од Челинџ купот

Македонскиот одбојкарски претставник Штип УГД првиот натпревар од 1/16 финалето во Челинџ купот ќе го игра на домашен терен, на 10 декември (среда), кога во салата „25 Мај“ во Радовиш, од 19.00 часот, ќе го пречека италијанскиот состав Милано.

Актуелниот носител на куп-титулата пред неполна седмица со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешкиот Кол Ил за да се најде во главната рунда од третото по квалитет европско клупско натпреварување.

Според распоредот на ЦЕВ првите натпревари од 1/16 финалето се играат на почетокот на декември, односно периодот од 10 до 12 декември, додека реваншите се веднаш по Нова година односно 5 до 7 јануари.

Реваншот во Италија, Штип УГД ќе го игра на Бадник, односно на 6 јануари од 17.30 часот во „Центро Павеси“ во Милано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот