Одбиено барањето на второлигашите за укинување на котизацијата

Во барањето, клубовите наведуваат дека се аматерски и дека при поднесување на истото барање имале в предвид дека У.О. на ФФМ ги ослободил клубовите од Прва МФЛ кои се професионални и имаат повеќе начини да обезбедат средства за финансирање.

Понатаму, наведуваат дека од тие причини, како и поради тоа што се натпреваруваат на аматерска основа и имаат финансиски потешкотии, делумно произлезени и од тоа што некои од нив не добиле ваучер од Агенцијата за млади и спорт или истиот е со многу мал износ.

Управниот одбор на ФФМ го разгледа барањето и утврди дека клубовите поради погрешно пренесена информација поднеле барање за укинување на котизацијата.

Имено, на клубовите од Прва МФЛ не им е укината котизацијата, истата како обврска е уредена со Пропозициите за натпреварување во Прва МФЛ. ФФМ ја нема преземено обврската за регулирање на котизацијата на клубовите од Прва МФЛ, која впрочем, исто како и котизацијата на клубовите од Втора МФЛ – исток и Втора МФЛ – запад, се однесува на регулирање на трошоците на службените лица на натпреваритe кога клубовите се јавуваат како организатори и домаќини на истите.

Котизацијата за која станува збор не е финансиска обврска со која ФФМ го регулира учеството во натпреварувањето. Фудбалските клубови немаат обврска на матичната куќа да и плаќаат котизација за учество во лига, станува збор за одлука со која ФФМ заради одржување на интегритетот на натпреварувањето во име на клубовите ги регулира трошоците за службените лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот