Од вториот шешир ќе ги чекаме ривалите во Лигата на нации

фото/фејсбук/ффм

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави шеширите пред ждрепката на 3. март 2020 година во Амстердам (Холандија) за новата натпреварувачка сезона 2020/21.

Да потсетиме, дека првата сезона (2018/19) од новото УЕФА натпреварување го започнавме во последната Лига „Д“ каде што во групата „4“ го освоивме првото место со 15 бодови (пет победи, еден пораз) пред Ерменија, Гибралтар и Лихтенштајн.

На тој начин не само што се промовиравме во учесници на повисокиот ранг Лига „Ц“, обезбедивме и плеј-оф за настап на Европското првенство 2020 година, одлична шанса преку Косово во полуфиналето (26. март) и пет дена подоцна во Грузија или Белорусија да испишеме фудбалска историја на репрезентативен план.

Тоа што е сигурно дека избраниците на селекторот Игор Ангеловски нема да играат против Косово, Белорусија и Кипар кои се наоѓаат во вториот шешир пред ждрепката на 3. март.

Ќе има четири групи од по четири репрезентации, само првопласираните ќе обезбедат настап во повисокиот ранг, Лигата „Б“.

Лига на нации (сезона 2020/21)

ЛИГА „Ц“

Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија

Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар

Трет шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург

Четврти шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија

Како изгледаат шеширите во сите четири лиги (А, Б, Ц, Д) можете да ги погледнете ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот