Од визија до наследство: 100 години Зоолошка градина Скопје – визионерската приказна на Станко Караман
Годинава, Зоолошката градина Скопје го слави својот јубилеј – 100 години од основањето, дело на биологот и визионер Станко Караман. Како што се наведува во објавата на фејсбук-профилот на ЗОО Скопје:
Препорачано
-
1
-
2
-
3
“Во октомври 1926 година, биологот, научник и визионер Станко Караман ја поставува основата на Зоолошката градина Скопје во рамките на Градскиот парк. Неговата визија била јасна и напредна за своето време, ЗОО Скопје да биде современ простор за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните. Во период кога ваквите концепти биле реткост, зоолошката градина била замислена како живо училиште на отворено, место каде генерации деца и возрасни учат да ја разбираат и почитуваат природата. Паралелно со тоа, Караман има значајна улога и во развојот на Природонаучниот музеј на Македонија, заокружувајќи ја својата идеја во која науката и јавниот интерес одат рака под рака. Заедно со музејот и зоолошката градина, тој е основач и на Градскиот Парк во Скопје. Како истакнат зоолог, Караман верувал дека науката, едукацијата и хуманиот однос кон животните мора да бидат достапни за јавноста и вградени во секојдневниот живот на градот. По 100 години постоење, Зоолошката градина Скопје останува живо наследство на неговата визија: знаењето, почитта и грижата за природата се темел на одговорно општество.”
Караман дошол во Македонија во 1924 година, каде што работел на ихтиофауната и ја објавил студијата „Pisces Macedoniae“. Тој објавил над 120 научни трудови за таксономијата на риби, птици, влечуги и раковидни организми, при што повеќето новоопишани видови и подвидови го носат името на Македонија, реката Вардар и планинските масиви. Вкупно опишал над 60 видови и подвидови.
Станко Караман бил основач на Природонаучниот музеј во Скопје, на Зоолошката градина и на Скопскиот парк. Во 1926 година ја поставил основата на Зоолошката градина Скопје, со визија за современ простор за едукација, наука и хуман однос кон животните. Со музејот и зоолошката градина, тој ја негувал идејата науката и јавниот интерес да бидат достапни за сите, создавајќи „живо училиште на отворено“ за генерации деца и возрасни.
Караман исто така бил основач на музејските списанија „Acta“ и „Fragmenta balkanica“. По 100 години, Зоолошката градина Скопје останува живо наследство на неговата визија: знаењето, почитта и грижата за природата се темел на одговорно општество.


