Од вечерва повисоки цените на бензинските на „Макпетрол“

Од вечерва, цените на бензините на бензинските пумпу на „Макпетрол” ќе се продаваат по повисоки цени.

Зголемување, како што соопштуваат од компанијата, е поради зголемувањето на цената на нафтените деривати на светските берзи.

Како што соопштуваат од компанијата од ноќеска  Ултра 95 ќе се продава по цена од 72 денари за литар, Ултра 100 по 74 денари, Дизелот по 66 денари, Био дизелот 67 денари и екстра лесното по 54,50 денари.

Од компанијата претходно најавија дека тие ќе ги формираат малопродажните цени доколку тоа не го стори Регулаторната комисија за енергетика, која треба да ги одреди цените согласно новото законско решение кое веќе е донесено.

-Законот е донесен, останува на Регулаторна комисија да ги одреди цените на горивата, доколку пак Регулаторната комисија не ги одреди, тогаш сме подготвени да ги одредиме, посочија од команијата при најавувањето дека од утре ќе бидфе пуштена во употреба реновираната бензиска станица на влезот во Куманово.

Од „Макпетрол” најавија дека ќе ги модернизираат и останатите станици во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот