Од пола терен ја затресе мрежата на Црвена звезда (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Еден неверојатен погодок постигна Лука Стојановиќ, играчот на Чукарички, против екипата на Црвена звезда во најголемиот стадион на Србија.

Во 25. минута, при водство на „црвено-белите“ од 1:0, од својата половина Стојановиќ во прав момент погледна дека домашниот голман Борјан е далеку од својот гол, шутираше и топката од центарот на „Маракана“ ја испрати во мрежата.

Дефинитивно еден од досегашните најубави погодоци сезонава во српскиот фудбалски шампионат, но и пошироко.

Овој погодок се случи во 24. минута, а претходно домаќините поведоа уште во втората минута преку Милуновиќ.

И после овој заостанат меч од шестото коло, Црвена звезда ќе остане на врвот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот