Од ноќеска на полноќ: Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за пола денар по литар

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 60,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 62,5 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,136 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,701 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 0,386 отсто и кај дизелот за околу 0,765 отсто, како и за 0,272 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот