Од крајот на март грчките родилки ќе аплицираат за породилен надомест

Фото: Profimedia

Кон крајот на март се очекува да се активира платформата за исплата на породилен додаток на самовработените жени во Грција. Осигурениците ќе добиваат минимална плата за девет месеци (780 евра денес), односно вкупно 7.020 евра надополнување на износот што го добиваат за време на бременоста и после породувањето.

„Кон крајот на месецот ја отвораме платформата за породилниот додаток што самовработените жени, како и жените од руралните средини сега ќе го добиваат за период од девет месеци“, рече министерката за труд Домна Михаилиду, пренесува То Вима. За да го добијат надоместокот, мајките кои ги исполнуваат условите мора да бидат осигурани, односно да немаат долгови кон електронската Национална институција за социјално осигурување (е ЕФКА). Доколку е така, тие ќе бидат исклучени од добивањето на бенефицијата и ќе можат да ја добијат само доколку го исплатат целиот долг. Од мајките ќе се бара да аплицираат дигитално за да добијат – 9 месеци по раѓањето на нивното дете – додаток кој одговара на минималната плата, исто како мајките во платен работен однос.

Всушност, додатокот ќе важи ретроактивно. Со други зборови, ќе важи и за мајките кои го родиле своето дете до 14 недели пред крајот на 2023 година и поконкретно од 24 септември 2023 година наваму. Затоа, мајките кои се породиле во септември ќе добијат на крајот на февруари или почетокот на март, ретроактивно, за период од 5 месеци, 3.900 евра, додека до јуни ќе добијат вкупно 7.020 евра. За 9 месеци ќе добиваат 780 евра, што одговара на надоместокот што го добиваат вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот