Од „Храбро срце“ демантираат дека никој не сакал да прими срце, не се познати точните причини зошто немало соодветен примател

Демант на текстот Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не сакал да прими, објавен во Вашиот сајт на 31.07.2020 год.

Почитувани, Во Вашиот сајт во денешното издание е објавен натпис со текст Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не сакал да прими. На официјалната страница на Министерството за здравство јасно стои: ОВОЈ ПАТ ЗА ЖАЛ, НЕМАВМЕ СООДВЕТЕН ПРИМАТЕЛ НА СРЦЕТО И НЕМА ДА БИДЕ ТРАНСПЛАНИРАНО.

Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не прифатил да прими

Здружението „Храбро срце“ , Ве замолува да се изврши корекција во горенаведениот текст, особено во однос на тврдењето дека никој не сакал да прими срце, бидејќи не се познати точните причини зошто немало соодветен примател на срцето. Имено целиот процес се спроведува во тајност, вклучувајќи ги сите податоци како за донорот така и за потенцијалните приматели на органот. Затоа сметаме дека треба да се раководиме од изјавата на Министерството за Здравство, а сите остаати објавени изјави би можеле да се подведат во сферата на шпекулации., кои можат само да му нанесат штета на целиот процес на трансплантација за кој што и државните органи, здруженијата и сите останати чинители како што се јавните гласила се залагаат.. Затоа што „Храбро срце“ се бори за таа кампања за подигнување на јавната свест за потребата од донирање органи и нема да дозволиме некој свесно да ја загрози нашата цел и мисија.

Изразуваме голема благодарност на семејството на донаторот што ја донеле оваа особено важна и храбра одлука за донирање на срцето на нивниот најблизок. Да бидеме храбри, да се бориме заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот