Двајца пациенти добиваат пресаден бубрег, срце никој не прифатил да прими

Ова е втор пат во последните месеци да имаме трансплантација на органи од пациент во мозочна смрт.

Во моментов на Клиниката за урологија во тек е уште една трансплантација на бубрези од пациент во состојба на мозочна смрт. Едниот бубрег се трансплантира на 35 годишна пациентка, а втората трансплантација ќе се изведе по завршување на првата.

Донорот на органите е 46 годишен пациент кај кој вчера била потврдена мозочна смрт. Семејството на донорот дало согласност да се трансплантира и неговото срце, но тоа не се случило, бидејќи како што неофицијално дознаваме потенцијалните приматели на органот не прифатиле да се трансплантираат иако двајца од нив се во тешка состојба и се највисоко на листата на пациенти кои чекаат трансплантација на срце.

Трансплантација им била понудена уште на двајца кои се на оваа листа, но и тие не се согласиле.

Ова е втор пат во последните месеци да имаме трансплантација на органи од пациент во мозочна смрт. Во претходниот случај беа предадени 2 бубрези од кои едниот беше отфрлен и срце. Пациентот кој го прими срцето во стабилна здравствена состојба беше пуштен на домашно лекување. Тоа беше прв случај на трансплантација на срце кај нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот