Од Германија дошла во Белград да ги намали дојките, но по зафатот починала

хирург операција
Фото: Профимедиа

49 годишната Србинка Б.В. дошла во Белград од Германија заедно со својата ќерка за да изврши операционен зафат намалување на дојките во една приватна ординација во центарот на градот, но жената подоцна починала од белодробна емболија, објави Блиц.

Персоналот на клиниката ѝ кажал на ќерката на жената дека операцијата поминала добро. Меѓутоа кога пациентката станала доцна во ноќта таа се упатила кон бањата и таму паднала.

Вишото јавно обвинителство во Белград нареди обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот