Од 5.179 до 690 евра: Која земја на ЕУ има најголема, а која најниска просечна бруто плата

epa08594711 Commuters exit an underground train at a Metro station in Copenhagen, Denmark, 10 August 2020, amid the coronavirus disease (COVID-19) pandemic. EPA-EFE/PHILIP DAVALI DENMARK OUT

Данска, Луксембург и Германија се на првите три позиции.

Кризата „Ковид-19“ ја потресе светската економија, но некои поразвиени земји поминаа многу подобро за разлика од останатите. Успеаја да ги зачуваат работните места, минимално да се задолжат и да ги задржат просечните плати на оптимално ниво.

„Реинис Фишер“ објави анализа за земјите од Европската унија со највисоки, односно најниски просечни бруто плати на месечно ниво: Данска е на прво место, а Бугарија е на последно место. Треба да се напомене дека во анализата влезе и Велика Британија, која ја напушти ЕУ на почетокот на годината.

Пловдив, Бугарија/Фото: Профимедиа

Јазот меѓу првата и последната земја на списокот е 7,5 пати во корист на Данска.

Исто така, анализата содржи споредба на сегашните просечни бруто-плати и платите во 2018 година, така што можеме јасно да видиме кој стагнирал, кој напредувал и кој назадувал во последните две години.

Данска во 2020 година има просечна бруто-плата од 5.179 евра, наспроти 5.191 евра во 2018 година. На второ место е Луксембург со 5.143 евра во 2020 година односно 4.412 евра пред две години. На трето место е Германија, каде сегашната просечна бруто-плата е 4.035 евра, додека во 2018 година изнесуваше 3.703 евра.

Потоа следуваат Ирска, Австрија и Белгија со следниве бројки: 3.867, 3.811 и 3.401 евра во 2020 година, во споредба со 3.133, 3.632 и 3.401 евра во 2018 година. На седмото место на списокот е Финска со просечна бруто плата од 3.380 евра, која била иста и пред две години.

Луѓе уживаат во сончевото време во парк во Стокхолм / 22 април 2020, Стохколм, Шведска / Фото: EPA-EFE/Henrik Montgomery SWEDEN OUT

На осмото место е Шведска, каде има промена. Оваа година тие имаат просечна плата од 3.194 евра, а во 2018 година таа излесувала 3.340 евра.

Во Велика Британија просечната бруто плата годинава е 3.161 евра, за разлика од 2.498 евра во 2018 година. Веднаш потоа следува Франција, па Холандија. Франција годинава има плата од 3.097 евра (2.957 евра во 2018 година), а Холандија – 2.855 евра, што беше случај и пред две години.

Туристи во Италија, Рим,31 август 2020.Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Италија е на 12-то место со просечна бруто-плата од 2.442 евра во тековната година, односно 2.534 евра во 2018 година. Зад неа стои Шпанија со 2.279 евра од 2020 година и 2.189 евра во 2018 година. Потоа следува Кипар: 1.992 евра во 2020 година и 1.779 евра во 2018 година.

На 15-то место е Словенија, каде просечната бруто-плата е 1.855 евра, што е скок во споредба со 1.626 евра од 2018 година. Зад оваа земја стои Естонија со плата од 1.472, односно 1.221 евра во 2018 година. Португалија е на 17-то место, а во моментов нуди просечна плата од 1.418 евра, наспроти 1.158 евра во 2018 година.

Во последните две години, разликата во платата во Литванија е многу очигледна, така што оваа земја, од просечната плата од 2018 година, која изнесуваше 885 евра, достигна 1.381 евра. Малта е на 19-тото место, каде платата не е променета: таа изнесува 1.379 евра. Чешка е на 20-то место, со плата од 1.280 евра, пред две години, таа изнесуваше 1.149 евра.

Дубровник / Фото: Unsplash

Стигнуваме и до Хрватска, каде просечната бруто плата е 1.214 евра, а во 2018 година беше 1.081 евра. Под неа е Полска со 1.191 евра, или 1.102 евра во 2018 година. На 23-та позиција е Унгарија: денешната просечна бруто-плата е 1.154 евра, а пред две години беше 955 евра.

Летонија ги има овие бројки: 1.152 евра во споредба со 1.013 евра од 2018 година. Словачка е на 25-то место со 1.086 евра или 980 евра во 2018 година, по што следува Романија со просечна бруто плата од 1.075 евра, што е значителен скок во споредба со претходните две година, кога изнесуваше 787 евра.

Грција/ Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Грција и Бугарија се на 27 и 28 место. Во Грција просечната бруто плата е 1.060 евра (1.092 евра беше во 2018 година), а во Бугарија таа е многу пониска и изнесува 690 евра, пред две години изнесуваше 586 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот