Очувот на Метју Пери проговори за неговата состојба – Ужасно е кога човек ќе се разболи (ФОТО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, последните неколку месеци ја загрижи јавноста со својот изглед. Иако многумина претпоставуваа дека за запоставениот изглед на омилениот актер е виновен проблемот со зависностите, неговиот очув Кит Морисон откри дека Метју имал многу тешка операција на желудникот од која сè уште целосно не закрепнал. Во 2018 година, Пери поминал три месеци во болница.

– Во тоа време можевме да поминуваме многу време со него, што мислам дека беше добро за сите. Ужасно е кога луѓето сериозно ќе се разболат, кога мора да се оперираат и да се грижат дали ќе преживеат или не. Тоа сите нè поврза уште повеќе. Сите моравме да бидеме таму за да го извлечеме од тоа – рекол неговиот очув за магазинот „People“.

Фото: Инстаграм

Тој исто така истакнал дека Метју сега се чувствува подобро и работи на нови проекти.

Тој е многу талентиран и фокусиран лик. Многу е бистар. Таков беше уште како дете – нагласил Кит.

Успехот на серијата „Пријатели“ го изненади Метју, како и сите нас. Воопшто не сум изненаден што токму тој е избран за таква улога. Улогата на Чендлер точно се поклопува со неговата посебна смисла за хумор. Дали тие го напишаа тоа знаејќи дека тој е како тој лик или тој тоа го прилагодил повеќе на себе, не знам. Веројатно е комбинација од двете. Тој е надарена душа и многу паметно и добро момче – заклучил неговиот очув.

Фото: Инстаграм

Инаку, на почетокот на оваа година беше најавено повторна средба на Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, а фановите ширум светот со нетрпение очекуваат да ја погледнат специјалната епизода на „Пријатели“.

Снимањето е одложено неколкупати поради пандемијата на коронавирус.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот