Очув застрелал тинејџер бидејќи излегол за време на карантин: Детето набргу починало

Илустрација/Архива на Слободен печат

Маж од Атланта е уапсен заради убиство на 16-годишниот посинок, откако избила расправија кога тинејџерот решил да излезе надвор иако имало забрана за движење заради коронавирусот, пренесува Дејли мејл.

Инцидентот се случил во средата навечер, кога Деонте Робертс се расправал со мајката и очувот Берни Харгров бидејќи сакал да излезе од куќата.

Мајката на детето рекла на полицијата како таа и нејзиниот сопруг сакале детето да остане дома, но тоа не ги послушало и излегло.

– Подоцна жртвата се вратила дома и дошло до тепачка меѓу осомничениот и тинејџерот. За време на тепачката жртвата била застрелана, соопштиле од полицијата.

Робертс бил застрелан во градите и бил одведен во болница, каде подоцна подлегнал на повредите.

Неговиот очув набргу бил уапсен и обвинет за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот