Никола Митревски блескаше на голот на Порто во победата над Пик Сегед и во победта од 25:19 оствари 15 одбрани од кои една е прогласена за најдобра во четвртото коло.
Митревски успеа во одличен со одличен рефлекс да го запре шутот на Кањељас, односно поранешниот играч на Вардар го погоди Митревски во глава откако прочита на која страна ќе биде упатен шутот.
Вардар вчера ја оствари првата победа оваа сезона откако со 31:26 во СЦ Јане Сандански го совлада германскиот Флензбург, а прво име во триумфот беше капитенот Стојанче Стоилов. Стоилов постигна осум гола, од кои најубав беше тој кога при пад со шрауба од зад грб го совлада голманот на германскиот тим. Ова ремек дело на Стоилов беше прогласено за втор најубав гол во четвртото коло од ЛШ.