Очајна партија на Јанис

Јанис Адетокумбо ја водеше Грција до победа над Чешка/Берлин, Германија/11 септември 2022/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Грчкиот суперстар Јанис Адетокумбо доживеа срамен пораз од 41 поен разлика на гостувањето во Мемфис (142-101) со својот тим Милвоки, одигрувајќи натпревар за заборав.

Мемфис во четвртата четвртина имаше и предност од „плус 50“, но домаќините се смилуваа во завршницата и дозволија разликата да се спушти на 41 поен. Џа Морант одигра одличен меч остварувајќи дабл-дабл од 25 поени, 10 скока и 10 асистенции за Мемфис, додека Адетокумбо и Портис со по 19 поени беа најефикасни во таборот на Милвоки.

Тајлер Хироу беше во главна улога во триумфот на Мајами на гостувањето против Хјустон од 108-111. Извонредниот шутер погоди дури десет тројки и го заврши мечот со 41 постигнат поен, додека Џими Батлер реализираше 20 поени во овој триумф на Мајами.

Најнеизвесно беше во Солт Лејк Сити, каде Јута по продолжение успеа да го совлада тимот на Њу Орлеанс со 131-129, најмногу благодарение на одличните Кларксон (39 поени) и Марканен (31 поен).

Резултати НБА:

Хјустон – Мајами 108-111, Мемфис – Милвоки 142-101, Јута – Њу Орлеанс 131-129 (по прод.), ЛА Клиперс – Феникс 95-111.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот