Обвинителството за организиран криминал отвори предмет за купопродажбата на ТЦ Соравија
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека веќе отворило истрагата за продажбата на трговскиот центар Соривиа, објави Алсат.
Препорачано
„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет по допрен глас за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), пренесува Алсат.
Со ова обвинителство раководи јавниот обвинител Ислам Абази кој важи за близок пријател со членови на ДУИ и семејството на Али Ахмети.
Денеска пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја повика Владата на Ковачевски и институциите во врска со спорната продажба на дел од акциите на ТЦ Соравија на внукот на Ахмети, Дрин кој без платен денар, се стекнал со сопственост на 39 отсто од акциите во Соравија.
-Дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет? Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива?, праша Ковачки.
Тој се осврна и на обидот да се прикаже лажна слика за Трговскиот центар Соравиа како загубар, со големи кредити.
-Од достапните информации, може да се заклучи дека за две години деловниот центар Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога истиот не е целосно искористен. Деловниот центар Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Оттука логички се поставува прашањето, дали во истиот ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи? Дали кланот Зајас преку Соравија ќе вади милионски профити?, праша Ковачки.


