Обвинителството нема да остане немо за случајот со софтверот на Рашковски

Денес почнува судењето против Драги Рашковски / Фото: Слободен печат

Доколку ниту еден орган не преземе дејствија за расчистување на сомнежите за набавката на софтвер поврзан со Драги Рашковски, ние веројатно ќе отвориме предмет, потврди за „Слободен печат“ шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вилма Русковска.

Изјавата следува откако за „Радио слободна Европа“, од Управата за финансиска полиција истакнаа дека тие, освен по службена должност, би постапувале единствено доколку постои наредба од страна на надлежен јавен обвинител.

-Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција се органите што треба да откриваат сторители, тие се органи на прогон и ако решат да не постапуваат тоа ќе го сториме ние, додава Русковска, не сакајќи да ги коментира обвинувањата на опозиционерите за наводна блискост со поранешниот генерален секретар на Владата.

За набавката на софтвер вреден 80 илјади евра за детектирање и казнување на сообраќајни прекршоци која ја спроведе Генералниот секретаријат за потребите на МВР, иако полицијата воопшто немала намера да го користи, предмет веќе отвори Државната комисија за спречување корупција. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска информира дека во моментов се прибира неопходната документација.

-Ние деновиве ги упатуваме барањата за документите што ни се потребни. Документација за предметот побаравме од Генералниот секретаријат, МВР, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за индустриска сопственост и овие институции ќе имаат рок од петнаесет дена да ни одговорат, вели антикорупционерката Ивановска за „Слободен печат“.

Рашковски: Со семејството сум на одмор во Мексико, зошто би бегал?

Филипче за патувањата на Рашковски и Николовски – не коментирам индивидуални одлуки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот