Филипче за патувањата на Рашковски и Николовски – не коментирам индивидуални одлуки

На прашањето дали Љупчо Николовски кој викендов заминал на одмор во Дубаи и Драги Рашковски кој е на одмор во  Мексико ќе бидат во карантин откако ќе се вратат во земјава, министерот за здравство изјави дека не сака да коментира индивидуални одлуки.

– Карантин од 14 дена е препорачан за луѓе кои патуваат во земји од Африканскиот континент заради трансмисија на  јужноафриканскиот сој. Тој се карактеризира по тоа што брзо се пренесува и се уште не се знае дали вакцините делуваат, навистина не би сакал да коментирам индивидуални одлуки, рече Филипче.

Рашковски: Со семејството сум на одмор во Мексико, зошто би бегал?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот