Фото: Инстаграм / Роберто Навали

Обвинителството бара притвор за возачот од Косово кој ја предизвика трагедијата на обиколницата

Обвинителството соопшти дека 76-годишниот возач од Косово, кој со камион премина преку банкината на скопската обиколница и предизвика директен судир во кој загинаа четворица луѓе, ќе одговара „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

„Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. Притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Кога дошол во близина на клучката Мирковци брзината на движење на возилото не ја приспособил спрема својствата и состојбата на патот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка што под дадени услови можел да ја предвиди. Во еден момент изгубил контрола над возилото и свртел во лево, па удрил и ја пробил металната одбојна ограда и продолжил со движење, преминувајќи на коловозот од автопатот наменет за движење на возилата од спротивната насока, каде во него со предната страна удрил автомобил „БМВ“ кој се движел во насока од исток кон запад“, велат од Обвинителството.

По судирот, и автомобилот и камионот се запалиле. Во несреќата загинаа три момчиња на 20-годишна возраст: Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков, како и неговиот татко, оперскиот пејач Ристе Велков.

Голема трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив, откако камион преминал во нивната лента и возилото изгорело

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, додаваат од ОЈО.

Голема трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив, откако камион преминал во нивната лента и возилото изгорело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот