Обвинение против пратеникот Јанчев за сообраќајната несреќа – непрописно свртел со возилото
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, кое се однесува на сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот М.Д., а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Препорачано
Сашко Јанчев на чекор да остане без пратенички имунитет
Според обвинението Јанчев непрописно свртел со возилото, без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот.

ФОТО/Левица
– Осомничениот управувал автомобил “Хјундаи тусон”, но не се придржувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот. Во тој момент во возилото удрил мотор “Јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски. Возачот на моторот не поседувал возачка дозвола, а тој и неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена – се вели во соопштението од Обвинителството.
Почина 16-годишното момче кое со мотоцикл удри во автомобилот на пратеникот Јанчев од Левица
Сообраќајната несреќа се случила на 13 септември 2025 година во 00:50 часот на крстосницата од улицата 10 во село Марино, општина Илинден и сервисната улица.
Од партијата на Јанчев, ги демантира дел од медиумските известувања кои тогаш беа објавени за сообраќајната несреќа на пратеникот, нарекувајќи ги дезинформации.
Според соопштението на Левица, сообраќајната несреќа се случила поради удар на нерегистриран и неисправен моторцикл без светло, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига, кој возејќи со неприлагодена брзина се забил во совозачката врата на автомобилот на пратеникот.
Приведен пратеникот Сашко Јанчев по сообраќајна несреќа во Илинден, Левица тврди дека не бил пијан


