Сашко Јанчев на чекор да остане без пратенички имунитет
До претседателот на Собранието Африм Гаши веќе пристигнало писмо од родителите на 13-годишното девојче повредено во сообраќајката на 14 септември кај село Марино, во која учествувал Јанчев и во кое бараат Собранието да почне постапката за одземање на неговиот имунитет.
Дали пратеникот на Левица Сашко Јанчев ќе се соочи со одземање на пратеничкиот имунитет ќе биде појасно деновиве. До претседателот на Собранието Африм Гаши веќе пристигнало писмо од родителите на 13-годишното девојче повредено во сообраќајката на 14 септември кај Марино, во која учествувал Јанчев и во кое бараат Собранието да почне постапката за одземање на неговиот имунитет.
Препорачано
Во писмото родителите на тешко повреденото девојче, меѓу другото, наведуваат дека имаат сериозна загриженост за влијание врз судскиот процес, бидејќи се уште не е покренато обвинението за овој трагичен настан.
Тие изразуваат сомнеж дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет, со што, како што наведуваат „би избегнал евентуални мерки за обезбедување присуство или други мерки што би определиле надлежните органи“. Оттаму бараат од Гаши на дневен ред на Собранието да го стави барањето за одземање на имунитетот на Јанчев.
Во несреќата тешко бил повреден и 16-годишен мотоциклист од Идризово, кој подоцна, на 9 октомври, починал од повредите.


