Обрнете внимание на овие пет знаци: Симптомите на срцев удар се појавуваат и еден месец пред тоа

Фото: Профимедиа

Најголем број луѓе доживуваат срцев или мозочен удар околу 6:30 часот наутро, пишува „Дејли мејл“, а причината е нивоата на протеини во крвотокот.

Имено, научниците го анализирале протеинот плазминоген активатор инхибитор, кој го забавува метаболизмот на крвните згрутчувања. Тој е на врвот рано наутро, што го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар.

– Ова е големо откритие за лекување пациенти со склоност кон кардиоваскуларни заболувања и настанување крвни згрутчувања, а може да послужи и за подобар тајминг на терапијата – рекол авторот на студијата д-р Френк Шир. Научниците планираат поопсежни студии на темата поврзаност помеѓу телесниот часовник и овој протеин.

Симптоми што може да најават инфаркт

Одредени симптоми на инфарктот може да се појават дури и еден месец пред срцевиот удар:

Замор

Ако дојде до стеснување на артериите, срцето добива помалку крв од вообичаената количина, што му ја отежнува работата. Ова е причината зошто секогаш се чувствувате изморени и сонливи.

Краток здив

Кога срцето прима помалку крв, тоа значи и дека белите дробови добиваат помалку кислород. Ако наеднаш имате проблеми со дишењето, секако треба да се консултирате со лекар, бидејќи можно е да се подготвува срцев удар.

Слабост

Ако чувствувате необјаснета слабост, можно е да дошло до стеснување на артериите, поради што крвта не циркулира како што треба. Тогаш ниту мускулите не добиваат сè што им е потребно и можно е да дојде до несвестица.

Ладна пот и вртоглавица

Лошата циркулација значи и дека протокот на крвта во мозокот е ограничен, што е опасно по живот. Во такви ситуации, чувствувате вртоглавица и збунетост и ова се симптоми што никако не треба да се игнорираат.

Притисок во градите

Раните симптоми на срцев удар вклучуваат немир и притисок во градите, помала болка или зголемен крвен притисок, а овие проблеми се јавуваат сè почесто како што се приближува денот на срцевиот удар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот