Обожаватели ја тужат Мадона: Доцнела на концертите два часа

Фото: EPA-EFE/Luis Eduardo Noriega A.

Двајца обожаватели на Мадона велат дека нејзиниот концерт во Њујорк започнал со повеќе од два часа доцнење, поради што шоуто завршило во еден часот по полноќ, а тие следното утро морале да станат рано.

Мадона имаше три концерти во Њујорк во декември, а секој требал да започне во 20:30 часот, но првите тактови од нејзините песни се слушнале дури после 22:30 часот, поради што настапите на „кралицата на попот “ траеле до еден часот по полноќ, пишува „Би-би-си“.

Нејзините незадоволни обожаватели сега велат дека „немало да купат билети“ да знаеле дека концертот ќе заврши толку доцна.

Мајкл Фелоус и Џонатан Хејден тврдат во тужбата дека голем број луѓе кои присуствувале на концертот морале да „станат рано за работа и/или семејни обврски“ следниот ден.

Промоторот и Центарот Баркли добиле тужби за „лажно рекламирање, како и за нефер и измамнички трговски практики“.

Тие биле на концертот во среда на 13 декември 2023 година, но во судските документи стои дека настапите на 14 и 16 декември започнале и со повеќе од два часа доцнење.

Посетителите „не биле информирани дека концертите ќе започнат многу подоцна од времето напишано на билетот, па чекале со часови“, се наведува во судските документи.

Тие исто така додаваат дека Мадона „има долга историја да доцни на концерти, што понекогаш е и неколку часа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот