Обложувалниците не и веруваат на Македонија, Англија повеќе не е главен фаворит на ЕП
Обложувалниците ја гледаат Македонија како еден од најголемите аутсајдери.
Светските обложувалници ги ажурираа коефициентите за фаворитите на претстојното Европско првенство на кое за прв пат ќе учествува и македонската репрезентација.
На поголем дел од обложувалниците репрезентацијата на Англија беше главен фаворит за триумф на ЕП, но од неделава тие имаат нов фаворит. Тоа е репрезентацијата на Франција за која коефициентот дека ќе триумфира падна на 5.5 додека веднаш зад нив е Англија со коефициент 6.
Засега трет фаворит за триумф на ЕП е Белгија чиј коефициент изнесува 7, односно за вложени 100 денари, доколку белгијците триумфираат, ќе заработите 700 денари. Бранителот на титулата, Португалија е шести фаворит со коефициент 9 и се заоѓа зад Германија и Шпанија.
Обложувалниците не и веруваат на репрезентацијата на Македонија и ја сметаат за еден од аутсајдерите и коефициентот иснесува 500. Односно за 100 вложени денари и Пандев, Елмас, Алиоски и останатите репрезентативци триумфираат на ЕП заработката ќе изнесува дури 50.000 денари.