Обложувач погоди 12 парови и го чекаше уште Атлетико за голема добивка! (ФОТО)

фото: твитер

Атлетико Мадрид може да жали што остана без полуфинале во Лигата на шампионите, а што да се каже за еден неименуван несреќен обложувач кој го чекаше шпанскиот клуб за голема добивка…

Најголемото изненадување во ЛШ, германскиот Лајпциг триумфираше со 2:1 и во следната фаза ќе ги одмери силите против ПСЖ.

Да, уште пред мечот „јорганџиите“ ја имаа фаворитската улога, истата требаше да ја оправда на теренот, а тоа го очекуваше и обложувачот.

На овој дуел Атлетико успеа да израмни во 71 минута и барем да ги одржува шансите за човекот да се надева на добиен тикет, но во 88 минута сите надежи беа урнати после погодокот на Адамс.

Обложувачот го чекаше уште само Атлетико да триумфира и да освои 250.000 илјади евра, поточно 249,553 евра откако претходно погоди 12 парови.

фото: принтскрин/твитер
фото: принтскрин/твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот