Облечете се како Брижит Макрон: Лежерно, а сепак ефектно! (ФОТО)

профимедиа

Брижит Макрон (67) со сопругот, претседателот на Франција, Емануел Макрон (42) ја обави својата граѓанска должност во вториот круг на локалните избори одржани во Ле Тукет на северот на Франција.

профимедиа

Првата дама на Франција за оваа прилика избра лежерна модна комбинација. Таа облече темно-сини скини фармерки, бела кошула и крем миди капут со потписот на Луј Витон.

Деловниот стајлинг го надополни со кафени салонки со тенка потпетица. Брижит и при изборот на торба му остана верна на модниот гигант Луј Витон.

Таа аутфитот го заокружи со очила за сонце со црна рамка. Комплетен стајлинг за чиста десетка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот