Апсење во Србија /

Објавено видео од апсењето на осомничените за убиството на „Ранко Ескобар“ кој беше застрелан додека пиеше каде

Министерството за внатрешни работи на Србија објави видео од апсењето на осомничените за убиството на Ранко Радошевиќ (54), попознат по прекарот „Ескобар“.

Уапсени се Лука В. (27) и Стефан З. Полицијата во станот пронашла и оружје за кое се претпоставува дека е оружјето со кое е убиен Радошевиќ.

Малолетно девојче е трето уапсено лице во станбениот блок во Нов Белград каде беа уапсени осомничените за убиството на Ранко Радошевиќ Ескобар, пишуваат српските медиуми.

Таа е уапсена поради соучесништво.

Радошевиќ беше убиен во кафуле на бензинска пумпа во приградската населба Рушањ.

Тој беше убиен пред 20-тина сведоци, а според првичните информации, убијците испукале пет куршуми погодувајќи го во телото, а потоа уште два куршуми во главата.

ВИДЕО: Додека пиел кафе на бензинска во Белград, смртно застрелан „Ранко Ескобар“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот