Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Објавени резултатите за стипендии за социјална поддршка на средношколци и за ученици запишани во дуалните паралелки

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта, како и од Конкурсот за доделување 1.570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки за учебната 2025/2026 година.

Од МОН информираат дека сите апликанти ќе ги добијат своите решенија преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk, во делот „Мои апликации“, под „Документ за одлука“. Министерството нагласува дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби сè додека не го добијат решението. Жалбите за малолетни ученици мора да ги поднесат родител или старател.

По приемот на решението, жалбите се поднесуваат во рок од 15 дена до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, лоцирана на бул. „Гоце Делчев“ бр. 18, во зградата на МРТВ на 11. кат.

Учениците кои ќе добијат стипендија нема потреба да доставуваат испечатени и потпишани договори, бидејќи нивните права и обврски се содржани во самото решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот