Обезбедени 20 милиони евра за кредитирање на локални бизниси погодени од коронакризата

Шефот на Канцеларијата на ЕБРД во земјава Анди Аранитаси, истакна дека е горд за потпишувањето на договорот со Шпаркасе банка.

Европската банка за обнова и развој и обезбеди 20 милиони евра заем на Шпаркасе банка Македонија за кредити за локални приватни бизниси и корпорации засегнати од економската криза поради пандемијата од коронавирусот.

– Новото финансирање е витално за да ја ублажи сегашната ситуација и преку Шпаркасе банка Македонија ЕБРД ќе може да помогне на компаниите на кои им е потребна поддршка, се вели во соопштението на Европската банка.

Шефот на Канцеларијата на ЕБРД во земјава Анди Аранитаси, истакна дека е горд за потпишувањето на договорот со Шпаркасе банка.

-Обврска на банката е да му служи на приватниот сектор. Обезбедувајќи финансиска помош и ликвидност на бизнисите во овие тешки времиња е од суштинско значење за поддршка на целата економија во земјата, вели Аранитаси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот